ЕНЕРГЕТСКА ДЕМОКРАТИЈА:

Слободата е во енергетската демократија

            Замислете го времето кога, во вашиот град, сите ќе се иноватори, планери или донесувачи на одлуки за енергијата што се троши. Вашиот глас и знаење имаат сила. Можеби не сакате да зависите од увоз на горива и енергија од странство, можеби барате пониски давачки за енергијата или можеби само сакате да имате чиста енергија што се користи во вашато домаќинство.

            Без оглед на вашите грижи, вашиот глас е важен и битно е да го користите против големите загадувачи во вашето место на живеење.

            Во Советот на општината битно е да постои поддршка и дејствување во интерес на граѓаните, а целата заедница демократски да одлучува во корист на здравјето на луѓето, ниските трошоци за изворите на енергија и истата да биде со високи перформанси.

            Ова сценарио илустрира една од многуте дефиниции за „енергетска демократија“ што постојат во литературата. Во основа, тоа ги прикажува граѓаните кои учествуваат во одлучувањето, кои извори на енергија ќе одберат да ги користат.

            Дозволувањето на граѓаните да бидат активни во енергетските прашања е пред се и изразување на слободата, а концептот на енергетска демократија може да биде заедничка основа.

             Енергетската демократија се однесува на јавна сопственост и јавно водење на енергетските системи и мрежи. Ова е клучно за изградба на нов, декарбонизиран енергетски систем.

             Наместо да се покачуваат сметките за енергија за исплата на прекумерна дивиденда на акционерите, јавно контролираниот енергетски систем ќе обезбеди вишокот на средства да се реинвестира за подобрување на енергетскиот систем или да се врати на потрошувачите.

             Добро дизајнираниот и праведно имплементираниот јавен енергетски систем во сопственост на јавноста помага во решавањето на климатската криза и ги штити правата на работниците. На потрошувачите, пак, им дава поголема контрола и моќ врз носењето на одлуки при планирањето и гарантира дека сите сектори во заедниците имаат корист и имаат пристап до енергија, а не само неколкумина.

 
Енергетска Демократија