Можност за излез од енергетската криза

Можноста за излез од кризата во која се наоѓа мојата земја, го гледам преку здружување и спроведување на конкретни акции или проекти.
 
Успешен модел на здружување се енергетските задруги. Сите успешни енергетски задруги во ЕУ се формирале врз основа на одредена енергетска криза која се случила во некој период и во некој регион.
 
Зошто ни се странски инвеститори за градење на енергетски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, на наше земјиште, кога истите можат да бидат во сопственост на народот?
 
Сегашната енергетска криза што започна од крајот на 2021 година очигледно е дека веќе се пресели и во 2022 година. Очекувам големи негативни импликации врз економијата, животната средина и безбедноста. Би сакал накратко да се осврнам на некои од новите тензии помеѓу владината политика, инвеститорите и потрошувачите.
 
Додека нашата економија, нормално врз основа на глобалната, едвај почнува со закрепнувањето од пандемијата COVID-19, растот на цените на производите и достапноста на енергијата сеуште не држат во една кревка и несигурна економска состојба.
 
Пандемијата донесе историски пад на побарувачката и цените на енергијата, но закрепнувањето на побарувачката сега ги оптоварува пазарите на фосилни горива за нафта и гас, па дури и за јаглен, (кој го увезуваме од соседното Косово).
 
Цените вртоглаво растат бидејќи побарувачката го брка снабдувањето со гориво кое сè уште не закрепнало од падот на пандемијата.
 
Минатите глобални кризи за снабдување вообичаено беа ограничени на нафта, но пазарите на природен гас што брзо се менуваат исто така се во криза.
 
Растечкиот и пофлексибилен пазар на течен природен гас овозможи глобална конкуренција за снабдување со гас, ситуација која не беше можна кога гасот се снабдуваше со гасовод или според долгорочни договори. Европа и Азија се натпреваруваат за истото снабдување, зголемувајќи ги цените на двата пазари и проширувајќи го денешниот тесен пазар во Соединетите Американски Држави.


Факт е дека пазарот на енергија е ценовно нестабилен. Сепак, со ставање на неодамнешниот акцент на животната средина и што побргу започнување со енергетската транзиција може да допринесеме до стабилна енергетска безбедност.
 
Во многу држави, новата меѓусебна поврзаност на енергетските пазари низ горивата и географските области, исто така, го промени начинот на ширење на кризите. Така да диверзификацијата на снабдувањето со енергија од обновливи извори, исто така, ќе помогне, бидејќи откако ќе се изградат, овие извори не подлежат на каприците на глобалните пазари, но и те како е важно кој ќе биде сопственик на овие електрични централи од обновливи извори на енергија. Како народ никако не смееме да дозволиме монопол на неколку поединци, како до сега, централите конечно треба да бидат на народот. 

Енергија кај граѓаните!!

Денес, сите заедно, можеме!
 
Цели овие минати два века, потребите за енергија драстично се зголемија, особено поради транспортниот и индустрискиот сектор. Сепак, фосилните горива загадуваат и нивните резерви се ограничени.
 
Сите сме свесни дека овие ресурси се блиску до исцрпување и веќе се наоѓаме во енергетската криза.
 
Зелената задруга нуди над 1000 решенија преку иновативни решенија за намалување на енергетска криза кои ги исполнуваат високите стандарди на одржливост и профитабилност.
 
Секое од понуденото решение поминува низ строг процес на евалуација што го вршат европски признаени независни експерти.

Што можеш ти да направиш?

Пред се пратете ја локалната и централната политика по однос на ова прашање, учествувајте на јавни трибини кога и да ви се укаже таква прилика, дебатирајте на социјалните мрежи, кренете го вашиот глас за промена на законот за енергетика, поддржувајте ги граѓанските организации кои се борат за здрава животна средина, штедете енергија…, како компанија пробајте да развиете ефикасно решение за да биде вашиот објект енергетски ефикасен.
 
Според многу мои колеги и соработници сега е вистинскиот период за заедничко делување бидејќи глобалната потрошувачка на енергија се зголемува и ќе се соочиме со недостиг на фосилни горива во наредните децении. Затоа, достапноста на резерви е важен извор на загриженост.
 
ПРЕКУМЕРЕНАТА ПОТРОШУВАЧКА е нашиот сегашен модел и истиот речиси целосно се потпира на употребата на необновливи извори на енергија како нафта, гас и јаглен. Со сегашната стапка на потрошувачка, нафтата ќе биде првото фосилно гориво што ќе го снема. Според проекциите на светско ниво, би имало помеѓу 40 и 60 години докажани резерви на конвенционална нафта. Природниот гас би можел да се експлоатира уште 70 години. За јаглен, би имало околу два века резерви.
 
Друга причина за недостиг на енергија е лошата инфраструктура на објектите и опремата за производство на електрична енергија. Повеќето компании за производство на енергија продолжуваат да користат застарена опрема што го ограничува производството на енергија.
Масовната употреба на традиционалните извори на енергија води - меѓу другото - до зголемување на емисиите на стакленички гасови како што е јаглерод диоксид (CO2), што резултира со глобално затоплување и нанесување штета на животната средина и биодиверзитетот. Затоа, енергетската криза е тесно поврзана со еколошката криза.
 
Добрата вест е дека постојат начини да се намали енергетската криза:
 
  1. Енергетска транзиција кон обновливи извори на енергија.
 
За разлика од фосилните горива, некои извори на енергија се целосно обновливи и не испуштаат стакленички гасови. Овие чисти и одржливи алтернативни решенија за енергија вклучуваат сончева енергија, хидроенергија, енергија од ветер, геотермална енергија и енергија од биомаса.
 
  1. Енергетска ефикасност и штедење
 
Со цел да се спречи енергетска криза, исто така е клучно да трошиме помалку енергија преку подобрување и модернизација на енергетската инфраструктура како што се решенијата за паметни мрежи и паметни градови. Исто така, важно е да ги замениме старите уреди со енергетски ефикасни решенија, за почеток како што е замена на традиционалните светилки со LED диоди.



м-р Драган Чунгурски
Зелена Задруга